Елеонора Петровска е родена на 3 јули 1998 година во Скопје каде го заврши основното и средното образование.
Дипломираше на Правниот Факултет “Јустинијан Први” при Државниот Универзитет “Свети Кирил и Методиј” во Скопје во Јуни 2021 година.
Од Октомври 2021 година е запишана на Мастер студии по Кривично право на Правниот Факултет “Јустинијан Први” при Државниот Универзитет “Свети Кирил и Методиј” во Скопје.
Пред дипломирањето, започнува со пракса во Кривичниот суд Скопје на кривичниот оддел и одделот за организиран криминал и корупција.
Во ноември 2021 година стана дел од Адвокатското друштво ТРПЕНОСКИ каде што започна со своето стручно усовршување во областа на правото.
Течно говори англиски, италијански и хрватски јазик.
e-mail: eleonora.petrovska@adt.mk