Роден на 12.02.1986 година во Скопје, каде го има завршено основното и средното образование.

Дипломирал на Правниот факултет “Јустинијан Први” во Скопје при Универзитетот “Кирил и Методиј” во Скопје во февруари 2009 година, на отсек правни студии- граѓанско правна група.
По дипломирањето, започнува со 6 месечна пракса во адвокатска канцеларија, потоа и во Апелациониот суд Скопје на граѓанскиот оддел во траење од 9 месеци, а од октомври 2010 година стекнува практични знаења во Адвокатско друштво ТРПЕНОСКИ Скопје.

Правосудниот испит го положил во октомври 2013 година, a од 01.01.2014 година е член на Адвокатската комора на Република Македонија и моментално работи како адвокат во Адвокатското друштво ТРПЕНОСКИ Скопје.

Посебен предмет на интерес му претставуваат Граѓанското право, Стопанското право и Управното право.

Учесник е на неколку семинари и обуки од областа на граѓанско право (недвижнини и градење), стопанско право и кривичното право.

Учествувал во правна анализа на подвижен, недвижен имот и права на трговски друштва со цел нивно преземање од страна на други правни лица.

Застапува физички и правни лица пред судовите и другите органи во државата давајќи максимална професионална заштита на правата и интересите на клиентите во секој конкретен склучај.
Активно ги владее Српскиот јазик и Англискиот јазик.

e-mail: radovan.shanclik@adt.mk