Родена е на ден 27.08.1984 година во Пробиштип, каде и завршила основно и средно образование.

Дипломирала на Правниот факултет во Скопје при универзитетот Кирил и Методиј во Скопје во јуни 2008 година, отсек правни студии со просечен успех 9.00.
Почнувајќи од февруари 2010 година следи настава на магистерските студии по МБА -Менаџмент на Економскиот факултет при универзитетот Кирил и Методиј во Скопје.
Адвокатската пракса извршува од октомври 2008 година во други адвокатски канцеларии и од септември 2009 година во Адвокатско друштво ТРПЕНОСКИ.
Правосудниот испит го има положено во октомври 2011 година. Член е на адвокатската комора на Република Македонија од декември 2011 година и моментално работи како адвокат во Адвокатското друштво ТРПЕНОСКИ.

Неформално образование

• Национален тренер на Совет на Европа за онлајн курсот „Постапување во случаи на домашно насилство во системот на Бесплатната правна помош“,изготвен од Советот на Европа во рамките на проектот „ХИ II Поддршка за подобар пристап до поквалитетни услуги за бесплатна правна помош во Северна Македонија„кој е дел од програмата ‚‚Хоризонтален инструмент II за Западен Балкан и Турција 2019-2022ʻʻ, заеднички проект на Европската унија / Совет на Европа којшто го спроведува Советот на Европа во соработка со Адвокатска комора на РСМ одржан од 11.10-03.12.2021 г.
• Успешно завршен курс за обучувачи за „Домашно насилство во системот на бесплатната правна помош„ дел од програмата ‘’Хоризонтален инструмент II за Западен Балкан и Турција 2019-2022ʻʻ, заеднички проект на Европската унија / Совет на Европа којшто го спроведува Советот на Европа  во соработка со Адвокатската комора на Р.С.Македонија, одржан од 08.03-07.06.2021 г.
• Успешно завршен курс за обучувачи за „Правда за деца во системот на бесплатната правна помош„ дел од програмата ‘’Хоризонтален инструмент II за Западен Балкан и Турција 2019-2022ʻʻ, заеднички проект на Европската унија / Совет на Европа којшто го спроведува Советот на Европа  во соработка со Адвокатската комора на Р.С.Македонија, одржан од 08.03-14.05.2021 г.
• Успешно завршена мултисекторска обука за обучувачи за професионалци за „Правда за деца„ проект на УНИЦЕФ одржан од 15.11-17.11.2021 г.во Хотел Гранит, Охрид

Обуки и семинари
• Онлајн курс “Процесни гаранции во кривичната постапка и правата на жртвите” изготвен во рамките на програмата ХЕЛП на Советот на Европа-2022 г.
• Онлајн курс “Семејно право и човекови права” изготвен во рамките на програмата ХЕЛП на Советот на Европа-2021 г.
• Онлајн курс “Пристап на жените кон правдата” изготвен во рамките на програмата ХЕЛП на Советот на Европа-2020 г.
• Обука “Правна заштита на жртвите на трговија со луѓе” 25-27 Октомври 2019 г., Охрид, во организација на Здружението на млади правници и УСАИД.
• Присуство на судење пред Големиот совет во Судот за човекови права во Стразбур, случај МН и др. против Белгија (Број 3599/18)..
• 1 од 8 учесници избрана за студиска посета на Судот за човекови права во Стразбур, 23-24 Април 2019 г., во организација на Совет на Европа (JUFREX)
• Советување ” Справување, третман и заштита на децата жртви и сведоци во кривични постапки” – во организација на Академијата на судии и јавни обвинители -11.07.2018, Скопје.
• Советување “ Ограничувања на слободата на изразување” во југоисточна Европа, 27-29, Септември 2017, Охрид (JUFREX)
• Обука на тема Клевета –Зајакнување на судската експертиза за слободата на изразување и медиумите во Југоисточна Европа , 22-23, Јуни 2017, Охрид (JUFREX)
• Советување на тема Примена на законот за превенција, спречување и заштита од семејно насилство од кривично правен аспект- Академија на судии и јавни обвинители-07.03.2017 г., Скопје
• Советување на тема Примена на законот за превенција, спречување и заштита од семејно насилство од граѓанско правен аспект- Академија на судии и јавни обвинители-01.03.2016 г., Скопје
• Обука на тема “Директна и индиректна дискриминација”- во организација на Акедемијата за судии и јавни обвинители; OSCE-2015 г.,Скопје.
• Обука на тема “Дискриминација во судска постапка и преминување на товарот на докажување”- во организација на Акедемијата за судии и јавни обвинители; OSCE- 08-10.06.2015 г.,Охрид
• Учество во проектот организиран од Светската банка- Doing Business- 2013 г., 2014 г., 2015 г.
• Напредни обуки за новиот ЗКП-Предистражна постапка- во организација на Акедемијата за судии и јавни обвинители; OSCE-Скопје.
• Советување на тема “Најновите измени во чл.94 од Законот за работните односи и влијанието при откажување на договорот за вработување од причина на вина од страна на работникот и од лични причини на страна на работникот, работно време, годишен одмор, траење на годишен одмор, право на годишен одмор и пропорционален дел од годишен одмор, права при неискористување на годишен одмор, штрајк од аспект на работодавачот, законитост на штрајк, можност за извршување на други работи кои не се предвидени со договорот за вработување, плати, додаток на плата и надоместоци од плата”, Стопанска комора на Македонија, 23-25 јануари 2014 г., Хотел “AD Imperial Palace****”, Солун, Р.Грција.
• Задолжителна напредна обука МОДУЛ 1-Предистражна постапка за новиот Закон за кривична постапка, под покровителство на Академија на судии и јавни обвинигели; U.S. Department of Justice, OPDAT, U.S.Embassy Skopje; U.S. Department of state, Bureau of International Narcotics and Law Enforcement Affairs; Rule of Law Initiative and Macedonian Bar Association; Здружение на јавни обвинители на Република Македонија, Скопје, 02-04 Декември 2013 г.
• Работилница на тема:”Меѓународно трговско право/ трговски спорови со меѓународен елемент”, организиран од TAIEX во соработка со Академијата за судии и јавни обвинители, Хотел Арка, Скопје, 16ти октомври 2013 г.
• Pre-Trial detention and Investigation, American Bar Association Rule of Law Initiative and Macedonian Bar Association,25 June 2013
• 3-та Конференција за интелектуална сопственост во фармацевтската индустрија-улогата на интелектуалната сопственост во здраствените системи, Скопје, 19-ти Ноември 2012 г.
• 67-ма Средба на правниците, Здружение на правници на Република Македонија, Охрид, 25-27 октомври 2012 г.
• Trial advocacy basic skills on the new criminal procedure code, American Bar Association Rule of Law Initiative and Macedonian Bar Association, 04-06 May 2012
• Практична примена на спогодувањето на вина во Република Македонија, алатка за навремена и ефикасна примена на новиот Закон за кривична постапка, под покровителство на Академија на судии и јавни обвинигели; U.S. Department of Justice, OPDAT, U.S.Embassy Skopje; U.S. Department of state, Bureau of International Narcotics and Law Enforcement Affairs; Rule of Law Initiative and Macedonian Bar Association; Здружение на јавни обвинители на Република Македонија, Охрид, 26-28 јуни 2012 г.
• Деконструкција на Балканските стереотипи, Брашов, Романија 25-29 Aвгуст 2003г.
• Career days, AIESEC, Универзитет “Кирил и Методиј “- Семинар за развој во кариерата, Април, 2008
• Членство во Црвен Крст, Пробиштип-изработување на проекти-помош за децата со посебни потреби

Посебен предмет на интерес и претставуваа Кривичното право, Стопанското право, Граѓанско право, како и од посебен интерес и се предмети за заштита на жртви на семејно насилство.
Застапува домашни и странски физички и правни лица пред судовите и другите органи во Р. Македонија, давајќи максимална професионална заштита на правата и интересите на клиентите во секој конкретен случај.

Активно го владее англискиот јазик.

e-mail: jovana.malezanska@adt.mk