Роден на ден 11.03.1986 година во Скопје каде го завршил основното и средно образование.

Во 2008 година дипломирал на Правниот факултет “Јустинијан I” Скопје – отсек правни студии со среден успех 9.2.

По дипломирањето, во 2009 година работи во помошното тело на Државната изборна комисија на Република Македонија за спроведување на локалните и претседателските избори како правник и координатор на државната изборна комисија со општинските изборни комисии

Од Април 2009 волонтира во Основниот граѓански суд Скопје.

Од Октомври 2009 до Април 2012 е запишан во Именикот на адвокатски приправници при Адвокатската комора на република Македонија. Приправничкиот стаж во поминува во Адвокатско друштво Трпеноски.

Правосудниот испит го положил во декември 2011 година. Со решение од 23. 03. 2012 година запишан е во Именикот на адвокати при Адвокатската комора на Република Македонија.

Моментално работи како адвокат при Адвокатско друштво ТРПЕНОСКИ.

Тој бил активен член на AEGEE Skopje – непрофитна и невладина студентска асоцијација на Европа. Во февруари 2007 година во Скопје учествувал на тренинг курсот за практични правни совети Do it yourself организиран од AEGEE Skopje.

Во март 2007 година учествувал во мониторинг за спроведување на Законот за слободен пристап до јавни информации, проект реализиран од Здружението на млади правници.

Во мај 2012 година земал учество на обуки за спроведување на законските измени во Кривичната постапка во Република Македонија, организирано од американската адвокатска комора.

Од 2014 година до 2018 година е дел од Проектот на УСАИД за заштита на човековите права спроведувам од Македонското здружение на млади правници и е дел од групата за стратешко застапуање на предмети од областа на азилот (SLAG) раководена од Македонското здружение на млади правници.

Од 2014 година е лиценциран осигурителен брокер и соработува со ВФП АД Скопје, дел од Групацијата ВФП Австрија Груп и работи на управуање со осигурителни и финансиски портфолија на физички и правни лица.

Посебен предмет на интерес му претставуваат граѓанското право, финансовото право, правото на осигурување, странски инвестиции, правна анализа на портфолио на клиенти, инвестициски фондови и правен консалтинг на сите постапки за финансиска помош на правни лица.

e-mail: orce.ivanoski@adt.mk