Родена е на 17.04.1967 година во Охрид. Од 1975 година живее во Скопје, каде го има завршено основното и средно образование.

Дипломирала на Правниот факултет во Скопје при Универзитетот “Кирил и Методиј” во Скопје во Април 1990 година, на правосудната насокa.

По дипломирањето, од Септември 1990 година до Мај 1992 година обавувала пракса во Окружното јавно обвинителство Скопје.

Во Мај 1992 година, запишана е во Именикот на адвокатските приправници при Адвокатската комора на Република Македонија.

Правосудниот испит го положила во Јуни 1995 година, а од Јули 1995 година е член на Адвокатската комора на Република Македонија.

Со Решение на Адвокатската комора на Република Македонија од 17.11.2005 година, таа е основач на Адвокатското друштво ТРПЕНОСКИ, како посебен правен субјект, во согласност со Законот за адвокатура, заедно со Адвокатот Јован Трпеноски и Адвокатот Дејви Давидовски.

Адвокатот Наташа Трпеноска Тренчевска е овластено лице за застапување на Адвокатското друштво ТРПЕНОСКИ, како Основачки и Управувачки партнер и Претседател на Извршниот одбор на Адвокатското друштво.

Во своето повеќегодишно искуство, била основач и Претседател на невладини организации, поврзани со правото.

Претседател е на Надзорниот одбор на АД Жито Лукс Скопје.

Запишана е на листата на постојани Арбитри при Постојаниот избран суд Арбитража при Стопанска комора на Република Македонија за спорови со домашен и меѓународен елемент.

Таа е делегат на Основната адвокатска заедница во Собранието на Адвокатска комора на Република Македонија Скопје, член на Институтот на директори и поранешен Дисциплински обвинител при Адвокатска комора на Република Македонија Скопје и член на Комисијата за соработка со странски адвокатски и правни организации при Адвокатската комора на Република Македонија.

Од страна на Министерството за Европа, интеграции и надворешни работи на Република Австрија, именувана е за назначен правен советник на Австриската амбасада во Скопје.

Својата едукација ја остварува преку континуирани семинари за Европско право, корпоративното право – управување, кривично право со посебен аспект на трговијата со луѓе, градење мрежи на соработка меѓу земјите на Југоисточна Европа, банкарското право, финансиите, арбитража, конкуренција, работни односи во институции, организации и коморски здруженија во Европа и Соединетите американски држави.

Поседува Диплома за завршена обука за бизнис менаџмент на англиски јазик.

Посебен предмет на интерес и претставуваат Стопанското право, Банкарското право, Телекомуникациите, Трговското право, особено во делот за странски инвестиции, како и Работните односи, организацијата и преструктуирањето на друштва.

Со промените на начинот на практикување ната адвокатура, Наташа Трпеноска Тренчевска сé повеќе се грижи за непречено, континуирано и квалитетно давање на адвокатски услуги на нашите клиенти.

Таа успешно го менаџира работењето на адвокатското друштво, кое сега веќе брои околу 15 адвокати кои се запишани во Адвокатската комора на Република Македонија и овозможува ова Адвокатско друштво да може да излезе во пресрет на различните барања на адвокатите преку посебна обука и усовршување на адвокатите кои се вработени во АД ТРПЕНОСКИ.

Секојдневно присуствува на редовни состаноци со клиентите, зема активно учество во настаните од областа на правото, креира и контролира документација од областа на корпоративното и договорното право.

Лично застапува повеќе стопански предмети, каде побарувањата се однесуваат на значителни износи. Само минатата година, успешно заврши во корист на клиентот повеќе предмети кои се водеа пред судовите во сите инстанци во земјата, вклучувајќи го и Врховниот суд.

Оваа година, покрај другите судски постапки, таа е вклучена и во одбрана на клиенти и во кривични предмети кои предизвикуваат најголем интерес на јавноста.

Одговорна е за одделот за заштита на конкуренција, арбитража и медијација, менаџмент, корпоративно право, М&А и “due diligence„ во Адвокатското друштво.

Активно го владее англискиот јазик.

e-mail: natasha.trpenoska@adt.mk