Роден на 27. 01. 1983 година во Радовиш, Република Македонија каде го има завршено основното и средното образование.

Дипломиран на Правниот факултет во Скопје при Универзитетот “Кирил и Методиј” во Скопје во ноември 2006 година, на отсек правни студии.

По дипломирањето, од август 2007 година до јули 2009 година обавува пракса во Адвокатско друштво ТРПЕНОСКИ.

Правосудниот испит го положил во февруари 2010 година, а од јули 2010 година е член на Адвокатската комора на Република Македонија и моментално работи како адвокат во Адвокатско друштво ТРПЕНОСКИ.

Посветен во обезбедувањето на високо квалитетни и сеопфатни правни услуги, застапува домашни и странски физички и правни лица пред судовите и другите органи во Република Македонија, давајќи максимална професионална заштита на правата и интересите на клиентите во секој конкретен случај.

Посебен предмет на интерес му претставуваат граѓанското право, стопанско право, усогласеност и имплементација на информатичка технологија, заштита на личните податоци.

Во Адвокатско друштво Трпеноски е Офицер за заштита на личните податоци.

Континуирана професинална надградба и стекнати сертификати:
Програмата на Советот на Европа за едукација за човекови права за правните професионалци (HELP) во соработка со адвокатска комора на Р.С.Македонија

• Заштита на личните податоци и правото на приватност
• Сопственичките права и Европската конвенција за човекови права
• Семејно право и човекови права
• Борба против трговија со луѓе
• Пристап на жените кон правда
• Животната средина и човековите права
• Биоетика – клучни принципи за човекови права во биомедицината

Сертификат од Здружение на правници

• Имплементација на новата регулатива за заштита на личните податоци
• Задолжница во правната регулатива и практиката

American Bar Association Rule of Law Initiative
– Курс за притвор и истрага
– Основни вештини за застапување за судење за новиот закон за кривична постапка
– Едукативна програма од областа на форензичката наука

Сертификат за познавање на информатичка технологија наменета за правници.

Познавање на странски јазици.

• Активно го владее англискиот јазик
• Сертификат за познавање на германски јазик
Goethe-Institut – ZERTIFIKAT B1

e-mail: dimce.dimov@adt.mk