Роден на 29.07.1999 во Кочани, каде што завршил основно и средно образование.


Во 2018 година се запишува на додипломски студии на Правниот факултет „Јустинијан Први“ – Скопје, насока правни студии.

За времетраење на студиите во два наврати бил дел од студентско организирање во рамки на Факултетот, и тоа како член на Факултетското студентско собрание во времетраење од една година, а подоцна и како Претседател на Факултетското студентско собрание од декември 2020 до јули 2021 година, односно до дипломирање.
По дипломирањето во јули 2021 година, се запишува на Мастер студии на Факултетот Јустинијан Први, на програмата по Казнено право – двегодишни студии.

Од ноември 2021 работи како приправник во Адвокатско друштво Трпеноски.

Течно зборува Англиски и Српски јазик, а има и основни познавања од Шпанскиот јазик.

e-mail: simeon.janev@adt.mk