p1Нашата историја е пример за еден постојан раст, развој, почитување на темелните вредности, посветеност и ангажираност, се со цел најдобра заштита на човековите права.

Адвокатското друштво ТРПЕНОСКИ е основано во јануари 1992 година од Адвокатот Јован Трпеноски, долгогодишен Јавен обвинител и одличен познавач на кривично-правната материја. Канцеларијата ја отпочнува како семеен бизнис заедно со својата ќерка Наташа Трпеноска Тренчевска, тогаш адвокатски приправник.

Адвокатската канцеларија има особен развој, како во кривично-правната материја, така и во областа на стопанското право, особено со почетокот на странските инвестиции во Република Македонија, дел кој го презеде Адвокатот Наташа Трпеноска Тренчевска.

Со Решение на Адвокатската комора на Република Македонија од 17.11.2005 година, Адвокатот Јован Трпеноски, Адвокатот Наташа Трпеноска Тренчевска и Адвокатот Дејви Давидовски го основаат Адвокатското друштво ТРПЕНОСКИ, како посебен правен субјект, со статус на правно лице, во согласност со Законот за адвокатура.

Адвокатското друштво ТРПЕНОСКИ располага со сопствен модерно опремен деловен простор во центарот на Скопје, комплетна техничка опременост и сопствени возила за обавување на дејноста.

Денес, во Адвокатското друштво ТРПЕНОСКИ редовно се вработени петнаесет адвокати, кои ја отпочнаа својата адвокатска p2пракса во Адвокатското друштво ТРПЕНОСКИ и, по полагањето на правосудниот испит, продолжија и понатаму да работат како адвокати.

Секој од овие адвокати има посебна специјалност во различните областите од правото, а заедно како тим тие овозможуваат високо професионална, брза и ефикасна услуга за заштита на правните интереси на клиентите.

Во Адвокатското друштво ТРПЕНОСКИ постојано се примаат на обука адвокатски приправници.

Високите професионални и етички вредности придонесоа адвокатите од Адвокатското друштво ТРПЕНОСКИ да се јавуваат како бранители во најактуелните кривични постапки, како и да имаат постојана соработка со еминентни друштва од областа на банкарството, финансиите, телекомуникациите и прехранбената индустрија во постапките за заштита на индустриската сопственост и конкуренцијата.

Адвокатското друштво ТРПЕНОСКИ има развиено соработка со адвокатски канцеларии во Република Македонија и во земјите од регионот и од Европската Унија.