Роден на 11 Октомври 1990 година во Скопје каде го заврши основното и средното образование.
Дипломираше на Правниот Факултет “Јустинијан Први” при Државниот Универзитет “Свети Кирил и Методиј” во Скопје во Јуни 2012 година.
По дипломирањето, започнува со 3 годишна пракса во Адвокатско друштво ТРПЕНОСКИ Скопје каде стекнува практични знаења во Адвокатско друштво ТРПЕНОСКИ Скопје.
Во Мај 2014 година стана магистер по правни науки од областа на деловното право на Правниот Факултет “Јустинијан Први” при Државниот Универзитет “Свети Кирил и Методиј” во Скопје.
Правосудниот испит го положил во јули 2013 година, a од 01.10.2015 година е член на Адвокатската комора на Република Македонија и моментално работи како адвокат во Адвокатското друштво ТРПЕНОСКИ Скопје.
Негово поле на интерес се Деловното право, Граѓанското право, Правото од индустриска сопственост, Авторското право и Кривичното право.
Учесник е на мноштво семинари и обуки од областа на граѓанското право, стопанското право и кривичното право.
Дел е од одделот по кривично право во Адвокатското друштво кој ги вклучува кривичното материјално право и постапка, малолетничката правда, прекршочното право и постапка.
Дел е од одделот по интелектуална сопственост во Адвокатското друштво кој ги вклучува правата од индустриска сопственост, авторските и сродните права и нивната заштита.
Учествува во процесот на застапување на повеќе светски реномирани компании од областа на телекомуникациите, прехрамбената индустрија, обложувањето со спортски натпревари во постапка за заштита на нивните трговски марки на територијата на Република Македонија.
Застапува физички и правни лица пред судовите и другите органи во државата давајќи максимална професионална заштита на правата и интересите на клиентите во секој конкретен случај.
Активно го владее англискиот јазик.
e-mail: aleksandar.penovski@adt.mk