Тамара Тренчевска е родена на 08.11.1993 година во Скопје каде го завршила своето основно и средно образование.

Во 2015 година дипломира на Правниот факултет “Јустинијан Први” при Државниот Универзитет “Свети Кирил и Методиј” во Скопје. Истата година продолжува на Мастер студии по финансии и финансово право кои успешно ги завршува во 2017 година.

Во текот на 2015 и 2016 година работи како приправник во АД Трпеноски, за следната година да биде учесник во тимот на Правниот факултет “Јустинијан Први” на престижниот натрпевар по меѓународна трговска арбитража Willem C. Vis Moot, кој се одржува традиционално во Виена, Р. Австрија.

Понатаму, ја продолжува својата кариера во банкарскиот сектор, каде работи на позиција правник за воспоставување на колатерали, соработник за развој на производи и стручен соработник во Кабинетот на Управниот Одбор.

Правосудниот испит го положува во 2019 година.

Во 2021 година, се запишува на втори Мастер студии по европско и меѓународно трговско право на државниот универзитет во Виена, Р. Австрија. Успешно ги завршува во 2024 година.

Член е на тимот на АД Трпеноски како адвокат од јануари 2023 година.

Во текот на истата година го положува и стручниот испит за брокер за осигурување.

Учесник е на бројни обуки, семинари, летни школи и конференции каде континуирано го усовршува своето знаење.

Течно зборува англиски, германски, италијански и шпански јазик.

 

e-mail: tamara.trenchevska@adt.mk