Роден на 12.08.1972 година во Скопје, каде го завршил основното и средното образование. Дипломирал на Правниот факултет при Државниот универзитет “Св. Кирил и Методиј” во Скопје во Февруари 1997 година, на правосудната насока.
Адвокатска пракса обавува од Февруари 1997 година.
Правосудниот испит го положил во Декември 1999 година; од Јули 2001 година е член на Адвокатската комора на Република Македонија и моментално работи како адвокат во Адвокатското друштво ТРПЕНОСКИ.
Со Решение на Адвокатската комора на Република Македонија од 17.11.2005 година, тој е основач на Адвокатското друштво ТРПЕНОСКИ, како посебен правен субјект, во согласност со Законот за адвокатура, заедно со Адвокатот Јован Трпеноски и Адвокатот Наташа Трпеноска Тренчевска.
Член е на извшниот одбор на Адвокастско друштво ТРПЕНОСКИ.
Посебен предмет на интерес му претставуваат Стопанското право, Граѓанското право и Работните односи. Во согласност со неговиот интерес од наведените правни области, учествувал на повеќе семинари и обуки од областа на стопанското право, граѓанското право и работните односи. Има учествувано во посебни обуки за Спецификите на договорите за финансиски лизинг, факторинг, франшизинг, дистрибуција, know-how, лиценца, трговски договори, Арбитража како начин за решавање на споровите,Задолжница како средство за обезбедување на побарувањата и друго за што има добиено и посебни сертификати.
Во Адвокатското друштво ТРПЕНОСКИ одговорен е за предметите од областа на стопанското и граѓанското право и од областа на работните односи, кои и лично ги застапува пред надлежните судови. Посебна специјалност и основно работно ангажирање му е застапување во судските спорови пред надлежните судови на сложени и со голема парична вредност стопански спорови и има висок процент на завршени предмети во корист на клиентите кои ги застапува.
Во претходните години, но и сега во корист на клиентите на Адвокатско друштво ТРПЕНОСКИ кои се реномирани домашни Банки и Друштва со правосилни пресуди потврдени и од страна на Врховниот суд на Република Македонија позитивно се решени повеќе судски спорови кои се однесуваат на стопанско и банкарско право од областа на гаранциите и наплата на парични побарувања по различни основи во значителен износ.
Од страна на Chambers EUROPE, препорачан е како водечки поединец за корпоративно и стопанско право, но извршено е и индивидуално рангирање како препорачан адвокат во областа на корпоративно и стопанско право во Македонија.
Активно го владее англискиот јазик.
e-mail: dejvi.davidovski@adt.mk