
Родена на 27 август 1984 година во Пробиштип, каде го завршува основното и средното образование. Во 2008 година дипломира на Правниот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, со просек 9.00, на отсек правни студии. Потоа продолжува со магистерски студии по МБА – Менаџмент на Економскиот факултет при УКИМ.
Правната практика ја започнува во 2008 година, а од 2009 година е дел од Адвокатското друштво „ТРПЕНОСКИ“, каде и денес работи како адвокат. Правосудниот испит го положува во 2011 година и од истата година е член на Адвокатската комора на Република Северна Македонија.
Покрај формалното образование, има богато неформално образование и специјализирани обуки, со особено искуство како национален тренер на Советот на Европа за програми поврзани со бесплатна правна помош, семејно насилство и правда за деца. Завршува голем број специјализирани програми на Советот на Европа, УСАИД, УНИЦЕФ, Академијата за судии и јавни обвинители, ОБСЕ и други меѓународни организации. Учествувала на бројни обуки, семинари и студиски посети, вклучително и во Судот за човекови права во Стразбур.
Исто така, учествувала и на Simulation in the field of countering human trafficking “Towards a victim centred approach in investigation, prosecution and adjudication of human trafficking cases”, проект во организација на Советот на Европа, Европската унија (EU), EU4FAST и Fondation René Cassin, насочен кон унапредување на пристапот фокусиран на жртвата во постапките за трговија со луѓе.
Во својата адвокатска практика работи на предмети од кривично право, семејното, стопанско право и граѓанско право, со посебен интерес за заштита на жртви на семејно насилство и ранливи групи. Застапува домашни и странски физички и правни лица пред судови и институции, обезбедувајќи професионална и посветена заштита на нивните права и интереси.
Активно го владее англискиот јазик.
e-mail: jovana.malezanska@adt.mk