Наташа Зечевиќ е родена на 14 декември 1999 година.

Своето високо образование го започнува на Правниот факултет „Јустинијан Први“ при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, каде што дипломира во 2021 година.

Потоа ги продолжува своите академски студии на постдипломско ниво, завршувајќи две магистратури: првата по Граѓанско материјално право во 2023 година на Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје, и втората по Меѓународно трговско и корпоративно право во 2024 година на Еразмус Универзитетот во Ротердам, Холандија.

Во текот на своето образование, активно учествува на меѓународни правни натпревари, претставувајќи ги двата универзитета на кои студира. Како дел од тимот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, учествува на Frankfurt Investment Arbitration Moot, додека на Willem C. Vis International Commercial Arbitration Moot учествува како претставник на Еразмус Универзитетот Ротердам.

Во академската 2022/2023 година, ангажирана е како демонстратор по Облигационо право на Правниот факултет „Јустинијан Први“, каде што активно придонесува во едукацијата на студентите.

Во февруари 2025 година успешно го полага правосудниот испит, а во јуни истата година се стекнува со лиценца за вршење адвокатска дејност.

Поседува Ц2 ниво на познавање на англискиот јазиккако и Б1 ниво на познавање на германскиот јазик.

e-mail: natasa.zecevic@adt.mk