Родена е на 06.01.1989 во Скопје, каде што и го има завршено основното и средното образование. Дипломирала на Универзитетот на Југоисточна Европа во Скопје во јуни 2012 година, отсек правни
Во текот на студирањето има работено на маркетинг активности во Media and advertising, GREY, Samantha, NРодена е на 06.01.1989 во Скопје, каде што и го има завршено основното и средното образование. Дипломирала на Универзитетот на Југоисточна Европа во Скопје во јуни 2012 година, отсек правни студии.
Во текот на студирањето има работено на маркетинг активности во Media and advertising, GREY, Samantha, NOBL, кои вршат маркетинг за познати светски брендови. Во септември 2012 година е запишана на постдипломски студии на Правниот факултет Јустинијан Први Скопје, отсек Уставно право.
Од 2012 година била дел од Секторот за правни работи, наплата на проблематични кредити и управување, при Комерцијална Банка АД Скопје.
Како приправник почнала да работи од Декември 2012 година во други адвокатски канцеларии и од Септември 2013 година во Адвокатско друштво ТРПЕНОСКИ.
Во Мај 2015 година стана Магистер по правни работи во областа на уставното право.
Правосудниот испит го има положено во Ноември 2016 година.
Член е на адвокатската комора на Република Северна Македонија од Април 2017 година и моментално работи како адвокат во Адвокатското друштво ТРПЕНОСКИ.
Од 18.02.2020 – 31.12.2020 има работено на проект УСАИД за зголемено користење на факторинг услугите на територија на Република Северна Македонија.
Посветенa e во обезбедувањето на високо квалитетни и сеопфатни правни услуги, застапува поголем број на предмети од областа на банкарските услуги.
Посебен предмет на интерес и претставува Граѓанското право, Стопанското право, Трговското право и Работните односи.
Течно говори англиски јазик.
email: viktorija.trpenoska@adt.mk