Добредојдовте во Адвокатското друштво ТРПЕНОСКИ
Веќе 30 години им служиме на интересите на нашите клиенти, како добро квалификувана, ефикасна, лојална и високо професионална фирма.
Внимателно одбраниот кадар, посебните обуки и стручните знаења направија од нас лесно препознатливо адвокатско друштво, кое, на наше задоволство, клиентите без двоумење го одбираат за правен застапник и советник, сигурни дека овде кај нас ќе добијат вистински совет и максимална заштита на своите права.
Наш стремеж е да ги споделиме вредностите кои ние ги цениме и да ја обавуваме својата професија со посебен дигнитет и достоинство.
На овие страници ќе дознаете нешто повеќе за нас.
Со најдобри желби,
Адвокат Наташа Трпеноска Тренчевска
Приправници
Адвокати
Случаи
Драги колеги, клиенти, пријатели!
Чест ми е да Ве известам дека на 1 Јануари 2022 година постигнавме 30 години од постоењето на Адвокатско друштво ТРПЕНОСКИ!
Со цел да го обележиме и прославиме овој значаен јубилеј, годината 2022 ќе биде исполнета со низа активности кои ќе допринесат да ги задржиме одличните односи со сегашните клиенти, да воспоставиме нови, да вложиме во едукацијата и усовршувањето на колегите, но и на младите правници кои сеуште не го заокружиле своето образование!
Ќе се трудиме да го поттикнеме растот и достоинството на оваа значајна професија и да допринесеме кон целосно зголемување на владеење на правото!
Деталите за активностите ќе следат!
Честит јубилеј на сите членови на тимот на Адвокатско друштво ТРПЕНОСКИ!