Родена на 22. 10. 1982 година во Скопје, каде го завршила основното образование и природно – математичка гимназија “Раде Јовчевски Корчагин”.

Дипломирала на Правниот факултет “Јустинијан Први” при Државниот универзитет “Св. Кирил и Методиј” во Скопје, во септември 2006 година – отсек правни студии.
Адвокатска пракса обавува од април 2007 година, а правосудниот испит го има положено во јуни 2009 година.

Член е на адвокатската комора на РМ од октомври 2009 година.

Моментално работи како адвокат во Адвокатското друштво ТРПЕНОСКИ.
Посетувала и завршила обука за човековите права наменета за професионалци кои работат во програмите за намалување штети во Скопје, организација на ОБСЕ во 2007 година.
Завршила обука за Трговија со луѓе во 2007 година во организација на ОБСЕ.

Во октомври 2007 година посетувала обука на адвокати за меѓународниот кривичен трибунал на поранешна Југославија и спецификите на судската процедура од гледна точка на адвокатот на одбраната, организирана од страна на Адвокатската комора на Република Македонија.
Учествувала во проектот СОРОС (Foundation Open Society Institute Macedonia) за застапување за заштита на човековите права и лицата што користат дроги, од февруари 2007 година до 2008 година.

Завршила обука за развивање на вештини за одбрана во кривичната постапка, ( јуни -ноември 2008 година), во организацијата на OSCE.
Во декември 2009 година учествувала на семинар на тема “Малолетничка правда – постапување со малолетници”, во организација на Адвокатската комора на Република Македонија, на кој по завршена обука добива сертификат со што се стекнува со правото да застапува малолетници.

Во јануари 2010 година учествувала на семинар на тема “Условен отпуст и притвор” во организација на Адвокатската комора на Република Македонија, на кој по завршена обука добива сертификат.

Во јануари 2014 година учествува на семинар од областа на работните односи организиран од страна на Стопанската комора на РМ во Солун, Грција.

На 11 мај 2016 година учествувала на семинар за Законот за градење и градежно земјиште во Хотел Квинс Скопје – Друштво за консултантски услуги АЦТ! Скопје.

Во март, 2018 година, во Брисел, Белгија, ја завршува интернационалната обука за Практична примена на 1999 FIDIC – International Federation of Consulting Engineers, организирана од страна на ECV Consultancy LTD United Kingdom.

Застапува домашни и странски физички и правни лица пред судовите и другите органи во Р. Македонија, давајќи максимална професионална заштита на правата и интересите на клиентите во секој конкретен случај.

Застапува повеќе предмети од областа на стопанското право, каде како клиенти се јавуваат реномирани компании на територијата на Република Македонија, а вредноста на побарувањата во истите е определена во забележително високи износи, успешно завршени во корист на клиентот пред сите судски инстанци во земјата, а дел се моментално активни судски спорови на територијата на Република Македонија.

Покрај домашните и странски правни лица, пред судовите во земјата застапува и физички лица во предмети од областа на граѓанското право, а посебно во делот на надомест на штета (материјална и нематеријална), моментално активни пред судовите во земјата, или се завршени во корист на клиентот.

Активно го владее англискиот јазик.

e-mail: marina.zafirovska@adt.mk